Процесот за доделување лиценци за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува, е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури за доделување на концесија што лесно може да се провери. Концесиите се доделени со одлука од Управен одбор на Здравствен Дом Скопје и решение од Минитерствот за Здравство, возвратија од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека Филипче дава дозволи и концесии на партиски војници во период кога тоа е забрането.
ВМРО-ДПМНЕ е конфузна. Прво тврдат дека нема доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места За нови млади лекари кои решиле да останат во државата.Што има против ВМРО-ДПМНЕ да се вработуваат млади лекари во јавното здравство?“, стои во реакцијата од Бихаќка.
Од таму додаваат:
За разлика од нив кои го урнисаа здравствениот систем и ги понижуваа здравствените работнции, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сите лекари да останат тука да работат. Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство.“
Comments are closed for this post.