Мицкоски не успеа.Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата.
СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата. Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство, велат од владејачката партија.
Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив. Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.Тоа е во интерес на граѓаните и државата.Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата
Comments are closed for this post.