Раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено Христијан Мицкоски, бадијала измислува непостоечки случаи. Со нив, не може да го покријат криминалот на Никола Груевски ниту пак да му обезбедат аместија, возвраќаат од СДСМ .
Од партијата на власт реагираат на денешните обвинувања упатени од Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од министерот Оливер Спасовски и на обвинувањата од портпаролот на опозицијата Димче Арсовски кој обвини дека законите не важат за СДСМ.
Раководството на ВМРО ДПМНЕ да не се крие зад празни, бесмислени прес конференции туку јасно да каже дали е за ЕУ и НАТО или е против. Бројните судски постапки покажуваат како криминалната матрица на Никола Груевски 11 години системски ги ограбувше и осиромашуваше граѓаните, додека иднината на Македонија ја држеше во заложништво, изолирана. Без напуштање на оваа матрица и јасен повик до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за финализирање на чекорот кој води до членство во ЕУ и НАТО во Собранието Мицкоски останува на страната на Груевски, на страната против членството во НАТО и ЕУ, на страната на изолацијата, стои во реакцијата од СДСМ.
Comments are closed for this post.