Криминогената власт на СДСМ должи одговори за најцрната партизација на администрација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведе партискиот портпарол, Наум Стоилковски, од центарот на оваа партизација должат одговори зошто во администрацијата има место за партиски кадри и роднински врски со партиски функционери, а нема место за професионалци, за успешни, за напредни студенти, за луѓе кои навистина ќе внесат нов дух во јавната администрација. Наместо одговори, од таму испраќаат флоскули за некаква транспарентност и реформа на администрацијата, исакна Стоилковски.
Во таа „Мрежа“ на општински тефтери се имиња на партиски војници и послушници, кои работеа на црните сценарија на политиките на СДСМ, таа е истата онаа мрежа преку која беа испраќани пораките за излезност на референдумот. Сега по тој список се пополнуваат општинските администрации и Јавните претпријатија, а земени се предвид и места зафатени од луѓе примени на определено време кои не биле дел од мрежата во црните тефтери.
Се работи за црна антиреформа според која во оваа држава нема место за други во јавната администрација. Со оваа мрежа се спроведува мрачниот план на Заев за партизација од хигиеничар до министер, или како што Курто Дудуш убаво тоа го објасни дека членската книшка на СДСМ ќе биде се’, дури и замена за лични документи.
Comments are closed for this post.