Во изминатите 2 години, со конкретни мерки и политики во здравството покажавме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи и достапни лекови во кој било ден од месецот, велат од СДСМ.
Урнисаното здравство коешто го остави ВМРО-ДПМНЕ после 11 годишното владеење, за само две години како одговорна политичка партија успеавме да го рехабилитираме. Унапредувањето на здравствениот систем во нашата држава е веќе реалност.
ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го колабираше здравствениот систем мед персонал понизуван. Лекарите тепани и пукани. Рецидивите усте се присутни, се правесе план за несто сто требасе да е наводно нов кц а бесе лепенка од цигли, пациентите остануваа без потребните лекарства.
Ние се грижиме за граѓаните, со посветеност успеавме да обезбедиме, од први октомври, граѓаните да ги имаат потребните лекови во кој било ден од месецот.
Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови, во интерес на нашите граѓани лековите се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеке паника гужва чекање.
Воведовме три нови инсулини и набавивме дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите, имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз. Сега, тие ја имаат најквалитетната терапија.за потсетуванје, во времето на вмро се носеа лекови кои немаа ефект
Comments are closed for this post.