ВМРО-ДПМНЕ,го кочи изборот на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција во Собранието, обвинува СДСМ.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го условуваат носењето на Законот во Собранието со неразумни предлози, спротивни на препораките на експертите од Европската Комисија, со единствена цел да ги ослабнат надлежностите на ДКСК. Целта на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е да нема силна, независна Комисија за спречување на корупцијата односно да нема вистинска контрола над корупцијата којашто токму тие ја распространија до невидени размери, стои во соопштението испратено од Бихаќка.
Како што тврдат од владејачката партија едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ е ДКСК да нема директен увид во сметките на функционерите туку тоа да се прави преку УЈП.
Исто така, ВМРО-ДПМНЕ бара ДКСК да не врши контрола на финансирањето на политичките партии, што е целосно неразумно и најдобро ги покажува намерите на оваа партија.
Со цел да ја разводнат и ослабнат позицијата на ДКСК, ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на некаков Национален совет. Зад ова барање се крие обид за разводнување на ингеренциите на ДКСК и да се ослабе најсилната независна институција за борба против корупцијата.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го кочи процесот за избор на вистинска, професионална и независна Државна комисија за спречување на корупцијата, велат од владејачката партија.
Comments are closed for this post.