СДСМ потроши 7 милијарди евра пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот. Во европскиот врв на најзагадени градови се и Битола и Тетово, ништо почист не е воздухот ниту во Струмица, Кочани и Тетово. Едноставно кажано Македонија се гуши, а власта не презема ништо, ниту денар од 7 милијарди евра буџет од две последователни години не е инвестиран во подобрување на квалитетот на воздухот, па сега наместо мерки и проекти, власта бара донации од бизнисмените, кои веќе еднаш дале пари во буџетот преку даноците, пари од кои дел требало да завршат и за подобрување на квалитетот на воздухот. Нивото на загаденост е неколкукратно над дозволеното, нивото на канцерогени ПМ10 честички е опасно по здравје. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците ширум државата поради срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето. СДСМ наместо да троши пари на лубриканти, цвеќиња и кафе во износ од неколку милиони евра, треба да преземе мерки против загадувањето, кое е реален проблем за здравјето на граѓаните и животната средина, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки, кои СДСМ треба да ги прифати и реализира за доброто на граѓаните.
- Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.
- Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле.
- Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки.
- Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.
-Црнилата не смеат да продолжат. Црнилото мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против овие црнила да се приклучат на протесниот марш во среда кој ќе започне во 17 часот од плоштад ВМРО и ќе се движи до владата на Република Македонија. За да им кажеме НЕ на црнилата. Да го испратиме СДСМ во историјата,
Comments are closed for this post.