Во суштина ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара кандидатот кој ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, кој ќе тргне по антизападните стапки на Груевски, Мицкоски и Иванов, реагираат од СДСМ по информацијата од ВМРО-ДПМНЕ за објавениот оглас за избор на претседателски кандидат.

Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија, да го брани криминалот и да работи против западниот свет, НАТО и ЕУ? На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски, не иm е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза, бранејќи ги злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е среќна и просперитетна земја, заради тоа што има граѓани кои се поголеми и подостоинствени од ликовите како Иванов, Мицкоски и Груевски и не дозволуваат да фати коренот омразата и поделбите кои токму тие го промовираа.

На граѓаните и на Македонија не им треба уште еден нов антизападен Иванов туку вистински претседател. На изборите напролет, граѓаните ќе ја заштитат Македонија од нов антизападен Иванов, стои во реакцијата од СДСМ.