ВМРО -ДПМНЕ е очајна, со лажни вести ги маскира вистинските нејзини цели, заштитата на криминалите на единствената глава на октоподот-Груевски. Една е главата на криминалниот октопод , а таа се наоѓа во Будимешта и се вика Никола Груевски, се вели во денешнотот соопштение на СДСМ објавено по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицјата го обвни СДСМ и премиерот Зоран Заев дека раководат со октоподот..
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште се само пипците со кои раководи главата од странство. Освен ширење невистини и одбрана на криминал, ништо друго не излегува од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Измислиците и невистините на ВМРО-ДПМНЕ за некакви возила купени од семејството Заев се показател за очајната состојба во која се наоѓа оваа партија.
СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата. Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата“, се истакнува во соопштението.
СДСМ во истото соопштение најави дека идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.
„Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.
Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот“, се вели на крајот од соопштението.
Comments are closed for this post.