Откако ВМРО-ДПМНЕ побара примена на хрватскиот Устав, фолирантите од СДС и ДУИ избегаа од примената на хрватскиот модел за промената на Устав иако тие го предложија, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
По кој знае кој пат, граѓаните го видоа вистинското лице на СДС и ДУИ. Маските целосно паднаа.
Иако тие самите, ДУИ и СДС, во неколку наврати изминатата година јавно кажуваа дека хрватскиот модел е прифатлив и добар за да се имплементира сега ретерираат. И самиот Димитар Ковачевски, како и Бујар Османи јавно истакнаа дека овој модел е добар.
Хрватскиот Устав е Устав на земја членка на ЕУ и ги гарантира правата на сите малцинства, и ВМРО-ДПМНЕ смета дека пресликување на истиот може само да ја зацврсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.
Толку од европските вредности на ДУИ и СДС. Самите предлагаа уставни промени по хрватскиот модел на Преамбулата, модел на земја членка на ЕУ, одбиваат и бегаат како ѓавол од темјан.
Comments are closed for this post.