Бели дворци, талири, провизии, ендеци и хилти беа главните криминални методи од времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, убаво спакувани во пропаганда и национализам.
За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога не се постапуваше, не се покренуваа случаи против режимот и кога требаше народ да се крене против корупцијата, денес постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, обвинуваат од СДСМ.
Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.Граѓаните се уморни од одбегнување и забавување на процесите за воспоставување на правна држава и одбегнување на одговорност пред законите.
Наместо празни прес-конференции, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да покажат заложба за владеење на правото и градење на независни, силни институции кои ќе се борат против криминалот и корупцијата.
Comments are closed for this post.