По ТВ-дуелот меѓу лидерите на владејачката СДСМ, Зоран Заев и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со реакција се јавија од владејачката партија.
Во таа реакција, партискиот портпарол, Костадин Костадинов, оцени дека Мицкоски бил целосно поразен во ТВ-дуелот и поради тоа нема да му успее да го затскрие тој пораз со какви било прес-конференции.
Во продлжение реакцијата на СДСМ:
„Дебаклот на ТВ дуелот ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда со пресови, Мицкоски да каже за фирмата на неговиот баџанак
ВМРО-ДПМНЕ никако не успеа да ги научи лекциите. Поразот, дебаклот што му се случи на Мицкоски на ТВ-дуелот не се покрива ниту затскрива со прес-конференција.
Мицкоски е чест гостин во Струмица и јавноста знае дека е близок со својот баџанак, Јанев Јорданчо.
Токму баџанакот на Мицкоски има своја фирма во Република Бугарија, отворена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „Дано Транс ЕООД“.
Прашањето е кој е личниот интерес на Мицкоски од овие бизниси? Имајќи предвид дека оваа фирма е дел од најблиската фамилија на Хидро Мицкоски.
Република Бугарија е членка на Европската унија и интерес на секоја компанија е да излезе на пазарот од 500 милиони, впрочем затоа е важен процесот на интеграција во ЕУ.
Ја разбираме нервозата кај Мицкоски но јавноста очекува одговори од него“.
Comments are closed for this post.