Македонија стави крај на поделбите, крај на изолацијата и неизвесноста и тргна напред. Македонскиот идентитет е загарантиран еднаш засекогаш и признаен од целиот свет, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена, реагираат од СДСМ.

Нивната реакција доаѓа по обвинувањата упатени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ,  Наум Стоилковски кој рече дека државата е завиена во црно и останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот.

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ѓорге Иванов и Јанко Бачев се дел од мала, маргинална група која е против ЕУ и НАТО. Мицкоски, Бачев и Иванов ќе останат запаметени како некои кои работеа против иднината, но не успееја, беа поразени. Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и антизападните политики на Мицкоски ги очекува пораз на какви било избори. Затоа бараат, ама се молат да не ги добијат. Кога ќе има избори не зависи од желбите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, туку од приоритетите на граѓаните и државата, се додава во реакцијата од СДСМ.