СДСМ го најде виновникот за бегството на Сашо Мијалков.Тоа е Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.
Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети.
Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други.
ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.
Граѓаните ова многу добро го знаат.
Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден
Comments are closed for this post.