Членот на Президиумот на Левица Здравко Савески смета дека во Грција ќе се обезбеди поддршка за Преспанскиот договор преку купување пратеници. Имено по оставката на Каменос и најавата дека ќе се стави на тест довербаата на Владата на Ципрас, неизвесна е ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент. Сепак Савески е убеден дека поддршката за Спогодбата ќе се обезбеди со “нечесни игри”.
И во Грција сега ќе купуваат пратеници заради протуркување на Преспанскиот договор. Преспанскиот договор – бланко чек за кршење на демократијата и во двете земји. ЕУ и на ова ќе аплаудира, толку многу им е важна демократијата, напиша Савески на Фејсбук.
Comments are closed for this post.