Според информациите до кои дојде порталот ГОЛ.МК, сепак поранешниот прв човек на Вардар, Сергеј Самсоненко според најавите ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да биде како инвеститор во тимот, но прв човек ќе биде Михајло Михајловски, а во финансирањето, Русинот ќе има голема помош од домашни компании, кои веќе го потврдиле своето учество во клубот.
Како што пишува порталот се уште се чека одговор за креирањето на финансиската конструкција, на уште една голема компанија, чие име засега не се открива, а треба да даде инвестира околу еден милион евра за клубот.
Веќе е договорен состанок на сите страни, на кој, наводно, на играчите ќе им биде соопштено дека нема да треба да бараат нови клубови и дека и во наредната сезона тимот ќе остане ист и ќе атакува на истата цел, а тоа е место меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите, пишува Гол.мк.
Инаку Русинот, Самсоненко е прв човек на РК Вардар од 2014 година, а тимот со него како инвеститор оствари големи успеси за македонскиот ракомет.
Comments are closed for this post.