Здравствениот систем на работ на колапс, по вртоглавите бројки од 1200 заболени пациенти на дневно ниво.

Од вкупно 56 само деветмина интернисти се согласиле да им помагнат на своите колеги во државните боленици, кои од почетокот ја водат битката со Ковид 19.

Претседателот на здружението на лекари интернисти, Александар Манолев посочи дека причина за ваквиот идход е фактот што лекарите веќе имаат премногу свои пациенти, а само пријавените деветмина лекари ќе чекаат своја распределба.

Повеќе од 800 пациенти веќе се хоспитализирани ширум болниците во државата. Речиси и да нема слободен кревет, откако се пополни и модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје.

Познато е дека во битката со коронавирусот, за прием на нови пациенти од сабота ќе бидат отворени Клиниката за неврологија, како и дел од останатите интерни клиники. Од денес исто така по наредба на претседателот на државата, Стево Пендаровски , во помош против Ковид 19, со свој кадар и опрема ќе се приклучи и Армијата. Војската ќе помага и во поставување шатори и друг вид сместувачки капацитети наменети за лекување на заболените лица.

Во последните 24 часа регистрирани се 1275 нови случаи на ковид-19, направени се 3331 тестирања. Досега во земјата се направени вкупно 262.446 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762.