Пратеникот Самка Ибраимовски од македонското собрание испрати порака до Атина. На Ципрас му се заблагодари на грчки.
Нема подобар договор од овој. И самите Грци тоа го кажуваат. Затоа ќе се обратам на грчки: ефхаристо Ципрас, ефхаристо Грција (благодарам Ципрас, благодарам Грција), истакна Ибраимовски.
Ибраимовски му реплицираше на Илија Димоски кој ги повика пратениците да се држат до резолуцијата од 2008 година донесена во Собранието со која се утврдуваат националните интереси на Македонија. Тој побара и Собранието да и го одземе легитимитетот на Владата да продолжи сама да работи за прашањето за името.
Comments are closed for this post.