На денешната прес-коференција републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски коментираше пресуди на судот. Тој рече дека судијката која му даде ослободителна пресуда на новинарот Драган Павловиќ Латас не треба повеќе да биде судија.

Прашањето за ветинг го поддржувам. Вкупното правосусдство, и обвинители и судии да бидат подложени на некој проверка. Видовте што стана со последната одлука во делот на противправно градење. Видовте како судијата ја толкува таа одредба и мислам дека на таквите судии не им е место во правосудството и веројатно Судскиот совет во соодветна постапка треба да го испита тој дел. Таму, јас после објавување на пресудата барав и судска праска, а судската пракса во однос на овие дела е сосема јасна. Не се бара ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил или не. Доволно е лицето да почне да гради без одобрение за градба“ кажа Јовески на денешната прес-конференција за истрагата за уапсените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, одговарајќи на новинарско прашање за ветинг во правосудството.

Како што анализира Лидер иако тоа не смее да го прави, Јовевски даде коментар за судијката.  Порталот посочува дека на обвинителите не им е работа да судат,  да одредуваат судии и да  бараат разрешување на судии. Притоа се потсетува дека сличен пристап кон оценка на судии имаше и сега веќе екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, за што имаше бројни реакции во јавноста.

Јанева денеска по обелоденувањето на скандалот со медиумскиот рекет си поднесе оставка.