На денешната седница, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки е назначен за Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, информираа од Владата.
Дураки премина од Министерството за животна средина во новото Министерство за политички систем во рамки на реконструкцијата на Владата. Неговото име се споменуваше во групата на оние за кои се шпекулираше дека ќе бидат „изметени“, поради лошите перформанси во заштитата на животната средина, но и поради неговата изјава дека „не се бави со граѓаните“.
Comments are closed for this post.