Садет успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само да биде жива Јасмина – била неговата најголема желба.

Неколку денови безуспешно барал информации низ болничите ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името.

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека од него било побарано да му помогне на Садет да ја пронајде девојката.

Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина.Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот, напиша Филипче на ФБ. 


„Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“ – рече Садет.


Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам на твојата посветеност, ти си вистински херој, напиша Филипче.

Пред неколку дена кај село Ласкарци се преврте автобус на компанијата „Дурмо Tурс“. Загинаа 15 патници, додека голем број беа спасени со помош на локалното население, кое што помогнало во нивното излекување. Тие се хоспитализирани на скопските клиники. Неколкумина од нив се уште се во критична состојба.