Сѐ помлади луѓе заболуваат од карцином на дебелото црево. А општо, меѓу популацијата, ако до пред една декада се регистрирале 350 до 400 новозаболени, во последните години во нашата држава имаме и до 600 новозаболени, најчесто откриени во трети и четврти стадиум на болеста.
Ова денеска беше соопштено на меѓународна конференција за оваа болест што ја организира Клиничката Болница „Аџибадем Систина” и MTCC (Mediterranean Task Force for Cancer Control) во Скопје.
Популација со највисок ризик за развој на оваа болест се луѓето до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот, рече доктор Владимир Димов кој истакна дека денеска колоректалниот карцином веќе не е болест на постарата популација, туку спротивно, почесто од кога и да е кога ја гледаме оваа болест кај млади пациенти.
„Како фактори за ваквата ситуација се наведуваат диететските причини, специфики на различни региони, патолошки и генетски фактори, рано појавување на симптоми, дијагноза, третман и скрининг“, рече Димов.
Во Македонија, како што беше посочено, тоа е шестата причина за предвремена смрт, а во последната деценија бројката на смртност од колеректален карцином се зголеми за повеќе од 16 отсто.
Министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше наконференцијата, истакна дека особено е важно да им се овозможи на грѓаните да имаат можност да се лекуваат во најдобрите болници и дека државата размислува да продолжи со концептот на јавно приватно парнерство.
„Верувам дека овие искуства што овде ќе се стекнат ќе се имплементираат во сите институции во нашата земја. Ние како Министерство за здравство ќе продолжиме понатаму да ги поддржуваме превентивните прегледи, особено за оваа болест“, изјави министерот Филипче.
Само минатата 2018 година, биле регистрирани околу 1.8 милиони нови случаи на заболени од карцином на дебелото црево и ректумот во светот.
Comments are closed for this post.