Сметам дека тој што си ја работи чесно не треба да се плаши од било која функција. Треба да си дораснат на функцијата за која се нафаќаш ако си дораснат за оваа фукнција тогаш тешко може да те намести некој, вели Вилма Русковска во врска со случајот за Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор.
-Предистрагата траеше повеќе месеци, инспектори работеа заедно со колешката на прибирање докази. Не мислам дека се работи за политички пртесметки, има доволно докази за сторено кривично дело. Два дена пред отворање на истрагата еден од осомничените ја напуштил државата. Штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра, вели Русковска.
Comments are closed for this post.