Апсолутно мојата судбина со решението за суспензија не го споредувам со судбината на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева”, изјави денес шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.
„Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот”, рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.
– Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, туку за суспензија на право и правдата. Моите предмети нема да продолжат со несмален интензитет, како што рекоа. Не верувам дека некој сега ќе постапува по истите, изјави Рускоска.
Според обвинителката, не е точно тоа дека не смеела да нареди претрес во Управата за финансиска полиција само поради тоа што пријавата била анонимна.
– Обвинители не кажуваат дали претресот е законит или незаконит, туку за тоа одлучува судот. Дали е анонимна пријавата, таа сепак е за кривично дело и по истата мора да се постапува, така е според закон.
Comments are closed for this post.