Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не беше викнат во својство на вешто лице да дава свое мислење. Тој не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите на 27 април, изјави обвинителката што го води случајот со организаторите на „крвавиот четврток“, Вилма Русковска.

На денешното рочиште премиерот Зоран Заев изјави дека главен организатор на овој упад бил поранешниот премиер, Никола Груевски, а сега обвинетите Трајко Велјановски, Миле Јанакиески и Спире Ристовски биле изманипулирани.

Рускоска изјави дека нема да го повелече обвинението по овој исказ.

-Апсолутно не се сложувам дека биле изманипулирани, обвинетите не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира, особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.
Јас искрено се надевам дека судот ќе ги цени како материјалните докази предложени од обвинитлеството и одбраната и изјавите на сведоците и дека ќе донесе правилна и законита одлука, рече Русковска.