Обвинителката Вилма Рускоска на денешното рочиште се спротиставуваше на речиси секое прашање што адвокатите ги постaвуваа на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Таа не дозволи Иванов да одговори на прашањето каква била политичката состојба во земјата пред 27 април и по објавувањето на написот во неделникот за наводно прогласување воена состојба.

-Оценки на политички констатации во судница не требаат , рече Обвинителката.

Судијата Трпков го прифати нејзиното барање и не го дозволи прашањето со изговор да не влегува политиката во судницата.