Обвинителката Вилма Рускоска соопшти оти Обвинителството има доволно докзаи за сите новоосомничени во случајот „Рекет“.
Наредив да се изврши претрес на три локации кај три лица. За осомничената Јасна Мандиќ побарав судија на претходна постапка да и одреди притвор – изјави Рускоска.
Обвинителката појаснува дека од еден осомничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа не дошло. Обвинителката истакна дека ОЈО обезбедило докази за трагата на парите во случајот „Рекет“.
Рускоска најави дека за сите осомничени од првата притворена група за „Рекет“ ОЈО ќе побара продолжување на мерката притвор, додека за останатите тројца денеска осомничени, ќе бидат побарани поблаги мерки како одземање пасош, пријавување во суд и ненапуштање на живеалиште.
Comments are closed for this post.