Извори од СЈО за „КОД“ соопштиле дека Бојан Јовановски – Боки 13 најмалку двапати ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.
Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот – Камчев и изнудувачот Јовановски имало и трето лице во некои разговори, односно специјалната обвинителка Катица Јанева. Тоа за екслузивно за „КОД“ го потврдила обвинителката Русковска, објавува „Телма“.
Како што објавува „КОД“, обвинителката Рускоска потврдува дека на снимките се гледа и се слуша како осомничените ја повикуваат Катица Јанева, по што на спикерфон на телефонот се слуша разговорот со јавен обвинител.
Според „КОД“, Судот треба да ги цени дали ке бидат прифатени како доказ снимките што се наоѓаат кај обвинителите за организиран криминал кои покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите. Во емисијата, Рускоска вели дека согласно препораките на Венецијанската комисија тие би требало да бидат прифатени поради јавниот интерес и вклученост на функционер – обвинител во нив. За тоа разговарале државниот обвинител Јовевски и обвинителката Рускоска.
И покрај ваквите снимки Катица Јанева не е упасена, истражителите сметаат дека нема доволно докази за директна поврзаност со рекетот кој го правеле Боки и Зоран Милевски Кичеец.
Comments are closed for this post.