Според информациите на „Ројтерс“ Германија предлага одвојување на Македонија и Албанија во обид да постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15-ти октомври.

Според планот предложен неделава до министрите на 28-те земји членки кои треба да дискутираат кон средината на октомври е можен компромис помеѓу оние се обидуваат да ги приближат балканските земји до ЕУ и оние кои пружаат отпор како Франција, Холандија и Данска, пишува Ројтерс.