Земјоделците на денешниот протест кој го организираа пред владата кажаа дека мерката зелена нафта не е доволна и дека не е ефективна.
Тие го потенцираа фактот дека во време на владеење на СДСМ нафтата се покачила за 30 денари односно од 40 денари на 70 денари и дека картичките за зелена нафта од 500 денари ни приближно не ја надокнадуваат разликата.
Побараа од владата да не се фокусира на популистички мерки како зелена нафта, туку да го исполни она што го вети пред да дојде на власт, а тоа е повисоки цени за земјоделските производи за тие сами да можат да ги планираат трошоците за наредната производствена година.
Полицијата ги спречи земјоделците да стигнат со родот до Владата, а тие пак го истурија под нозете на полицајците пред мостот „Гоце Делчев“. Реки млеко, ресенски јаболка, тиквешко грозје ќе бидат прегазени на скопскиот асфалт како симбол на односост на Владата кон маката на земјоделците.
Comments are closed for this post.