Во Македонски Брод овие неколку месеци, како и изминатите две години, има една градежна офанзива. Моментално овој месец работиме на два инфраструктурни проекти кои се однесуваат за централното грдско подрачје на Македонски Брод. Се работи на едно тротоарско решение на главниот булевар „Маршал Тито“ во должина од 250 метри. Со тоа решение ќе ја зголемиме безбедноста на учесниците во сообраќајкот и пешаците, затоа што навистина на овој фрекфентен булевар се чувствуваа небезбедни. Почнуваме и со реконструкција на улицата Кирил и Методиј. Се градат нови тротоари за да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот – вели градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески за „Република“.
Тој смета дека во изминатите години покажале и докажале како може да се работи без поддршка на централната власт.
„Повикувам јасно и недвосмислено. Потребна ни е поддршката на 24 април а исто така и на 8 мај за да може Македонски Брод да продолжи уште поинтензивно да инвестира и да стане модерна урбана средина – вели Ристески.
Comments are closed for this post.