Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, мора да поднесе оставка и на негово место да дојде професионалец, кој нема да се плаши да покрене постапка и да ги испитува криминалите на Зоран Заев, СДСМ и на картелот на власт, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според него, Обвинителството водено од Јовески спие додека се одвиваат изборни кражби, полнења на кутии, кол-центри, јавен поткуп на гласачко право. Јовески не реагира ниту по службена должност по допрен глас, ниту по поднесена кривична пријава со докази за основано сомнение за поткуп и поттикнување поткуп за изборни цели поднесена од опозицијата. Јовески веројатно нема да мрдне да истражи до крај кои биле полначите и чија била наредбата да се полнат кутиите за време на референдумот, нешто заради што е и поништено гласањето на избирачко место од ДИК!
Па има ли од ова поголем доказ за потребата од смена на Републичкиот јавен обвинител, кој преспива се’, од поткуп до полнење кутии за изборни цели, потенцираше Стоилковски.
Тој додаде дека криминални избори не смеат да се повторуваат, а сторителите на вакви криминални однесувања мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Ако тоа не се случи, според Стоилковски, повторно ќе ни се случуваат криминални избори, што можеби, како што рече, се европски вредности за власта за Зоран Заев, но не и за Република Македонија.
Comments are closed for this post.