Судењето за процесот „Рекет“ е во полн ек а јавноста наместо да добие одговор на најважното прашање-каде се парите од „Луј Витон“ торбата, доби евтина забава.

Се изнаслушавме муабети за золви, сопрузи, стрини, се цитираше Иво Андриќ, но и Гоце Делчев.

Па така, наместо Обвинителството,  да се насочи кон сведочењето на еден од сведоците дека уредот во „желевцето“ од торбата ќе покаже каде отишле парите, тие судењето го носат во сосема друга насока.


Сосема е јасно дека Боки и да сакал не можел парите да ги потроши на „цвикери“, капути, чевли, круни, часовници..

Дел сигурно да, но голема сума сигурно отишла таму кај што треба.По свеочењето стана јасно дека станува збор за два престоја во Милано. Еден откако е земена чантата Луј Витон во домот на Камчев и една во мај по средбата на Боки со Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг.

Очигледна е намерата на одбраната, а тоа досега и добро им оди, дека на Боки голел дел од луксузната гардероба му е подарена на разни модни настани, а како доказ може да посведочат и фотографиите на Инстраграм дека тој носи такви парчиња многу пред да биде поднесено обвинение.

Претресот во домот на Боки во Орман е извршен лани летото. Обвинението врз основа на фискалните сметки потврди дека се потроши 148.000 евра. Но, не е направено проценка и точна анализа кои од модните парчиња се купени, кога, а кои се добиени како подарок.

Клучниот доказ што исто така оди во прилог на одбраната е снимката во домот на Камчев во која се гледаат како Боки и Кичеец влегуваат во куќата, но не и како бизнисменот му ги дава парите на Јовановски.

Затоа утре за сведок е повикан сопругот на српскиот текстописец Марина Туцаковиќ, кој како што тврди возачот на Боки, во Белград му дал поголема сума на пари во плик.

Исто така, не може да не се забележи дека во овој случај се прави обид да не се спомене името на ниту еден политичар или бизнисмен и целата вина да се сведе единствено врз Боки и Јанева, кои иако имаат вина сигурно не е поголема од тие што им чувале „грб“.