Рочиштето за случајот „Рекет“ повторно се одложи. Причина е неприсуството на адвокатите на Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска. За разлика од нив, во судницата беа присутни Јаневa, Бојан Јовановски како и обвинителката Лиле Стефанова која требаше да сведочи.
Судијката нагласи дека Фрчкоска има здравствени проблеми и оти има отворено боледување. Кадиев пак се наоѓа на kлиничко боледување. Таа побара од Јанева да се изјасни дали прифаќа нови бранители.
Јас имаm бранители. Не би сакала да бидам погрешно сфатена. Ваши се одлуките, вие одлучете, рече со тивок глас.
Судијката нагласи дека доколку во понеделник, 27 јануари не се појават бранителите ќе побараат да се назначат нови бранители
Comments are closed for this post.