БЕСА се уште нема донесено конечна одлука дали ќе го поддржи законот за Јавно обвинителство. Потпретседателот на партијата, Кастриот Реџепи, во изјава за Пресинг ТВ објаснува дека на преговорите ќе ги претстават своите ставови за кои сметаат дека се аргументирани.

 

Ние како партија ги разгледуваме најдобрите можни решенија за СЈО. Цениме дека најдоброто можно решение е на СЈО да му се остави цел капацитет на функционирање. Но, бидејќи сме повикани на преговори, нашите ставови аргументирано ќе ги претставиме и нормално дека во согласност со нашите определби ќе донесеме одлука-вели Реџепи за Пресинг ТВ.

Вчера пак, пратеникот од оваа партија,Фалид Зендели рече дека ќе го поддржат новиот закон за Јавно обвинителство само доколку СЈО остане да функционира како независна институција а не како составен дел од СЈО.