Министерот за здравство, Венко Филипче, го разреши од функцијата економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, по меѓусебните обвинувања со медицинската директорка на Клиниката, Викторија Јовановска.
Претходно Беља преку објава на Фејсбук обвини за незаконски дела извршени на Клиниката. Тој напиша дека и министерот за здравство и други службени лица биле предупредени за тоа што се случува на Клиниката, но немало реакција од нив, па затоа тој бил обврзан јавно да проговори. Беља пишува за долговите на клиниката се зголемуваат и институцијата лошо се раководи, а обвини и дека медицинската директорка Викторија Јовановска фаворизира компании кои вршат лабораториски тестови.
Јовановска, пак, возврати дека Беља ја уценувал затоа што не сакала да потпише договори на двајца негови советници. Таа обвини дека Беља и се заканил со мобјавување „бомби“ и дека ќе одел во обвинителството, поради што најави кривична пријава.
На ваквата дискусија, министерот за здравство, одговори дека е крајно несериозно двајца на такви позиции да комуницираат на таков начин, затоа што на таков начин се нарушувала довербата во здравствениот систем.
Comments are closed for this post.