Осум години затвор му беа пресудени денеска на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски во Основниот кривичен суд за случајот „Софтвери“, во кој за „злоупотреба на службена положба и овластување“ обвинети се и други шест други лица.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

За ова доби казна затвор 7 години, а со казната од 1 год и 6 месеци за перење пари, казната што треба да ја отслуже е вкупно 8 години. Воедно, судот изрече и забрана за децата на Рашковски да ги отуѓат имотите кои се на нивно име.

Обвинетиот Ивица Димитровски доби затворска казна од 5 години, Игор Христов 5 години и 6 месеци, Даниел Станчев 4 години, Ирена Ивановска 3 год и 6 месеци, Игор Ивановски 3 години и Маја Силјаноска 3 години.

Дел од обвинетите, треба и да ја надоместат штетата на буџетот во износ од околу 11милиони денари.

Случајот го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.