Вечерва имало пукање во Чаир, при што едно лице е рането. Според неофицијалните информации станува збор за Ваљон Беља, економски директор на Клиниката за гинекологија, кадар на ДУИ.Тој е погоден во десната нога а во групата биле три лица.

Беља е надвор од животна опасност а Полицијата работи на расчистување на случајот и за мотивите.