Maкедонските граѓани добро се сеќаваат на 7 јануари 2017 година. Ден Божик кога тогашниот а и сегашен премиер на Албанија Еди Рама ги собра лидерите на Албанците од Македонија за да ги договорат условите под кои партиите од албанскиот блок ќе влезат во идната влада.
На штотуку завршените парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ но лидерите на Албанците како услов за влез во Владата го поставија исполнувањето на точките во платформата која беше наречена Тиранска.
Во лошо сеќавање ни е останато и насмеаните лица на Али Аммети, Зијдаин Села, Билал Касами и Артан Груби во црвениот кабинет на Рама.Речиси исто друштво ќе се собере и задрутре во Тирана.Овој пат таму ќе биде и новиот претседател на Алијанса Арбен Таравари и „вечниот“ Мендух Тачи.
Вицепремиерот Груби невешто се обиде да прикаже дека во Тирана одат „онака“и дека немаат конкретна агенда.
Средбата во вторник доаѓа во период кога се посилни се барањата за предвремени избори и цврстиот став на премиерот Ковачевски дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 година. Од друга страна ДУИ стравува дека може да остане без власт која ја држи безмалку 20 години и дека веќе не важат никакви „мајски“ и „априлски“ договори.
Овој џентлменски договор го прекрши токму ДУИ кога не колаицираше со победникот на изборите во 2016 година а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ туку го одбра СДСМ.
Што се исполни досега од Тиранската платфома
Целосна еднаквост на албанскиот јазик со македонскиот
Албанскиот јазик стана втор службен со законот за јазици
Формирање на Министерство за политички систем
Албанец(Бујар Османи) е вклучен во преговорите со Бугарија
Што остана
Донесување на Резолуција за осудување на т.н геноцид врз Албанците во периодот 1912-56 година
Менување на грбот, знамето и химната
Comments are closed for this post.