Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во 47. Народно Собрание, пред да го врачи третиот мандат за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент, јави дописникот на МИА од Софија
Радев пред два дена, по враќањето од посетата на Црна Гора, рече дека ќе има консултации со сите парламентарни партии за да ги слушне начините за излез од политичката криза и какви модели и политики ќе бараат поединечните партии за коалиција пред да одлучат на кого од „Демократска Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија или „Има таков народ“, да го предаде третиот мандат за формирање нова бугарска влада.
Доколку и овој обид не успее, тогаш претседателот на Бугарија е должен да го распушти Народното собрание, да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира во рок од два месеци. Како најверојатен датум за нивното одржување, Радев го гледа почетокот на октомври, а правниците очекуваат тие да се одржат на 2 или 9 октомври
Comments are closed for this post.