Во Собранието работна група за помирување и интеграција, денеска ќе го има првиот состанок.
Парламентарната група се формираше по повод помирување за настаните на 27 април и настаните во Собранието на Македонија. На првиот собир на парламентарната група присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој тогаш истакна дека од сите засегнати страни има волја за помирување, но дека не смеат да се поминуваат црвените граници.
Од парламентарната група формирани се три работни групи.
Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција освен за 27 април ќе биде во постојано заседание и ќе идентификува и други извори на конфликти.
Емлија Александрова, член на телото смета дека овие три процеси се поврзани и дека на целиот процес мора да му се даде динамика.
Comments are closed for this post.