Рече и порече – тоа е експремиерот и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев. Лесно се предомислува, лесно се демантира самиот себе. Се демантира, негира сопствени изјави, негодува дека погрешно е сфатен, а ги „тресе“на големо. Тоа се случи повторно – овојпат со една осетлива тема за јавноста – промената на имињата на училиштата во Чаир – припадник на УЧК го зеде местото на Никола Вапцаров. Вчера тој изјави декаодлуката со која се променети имињата на двете основни училишта во скопската општина Чаир од ОУ „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, а од Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Кемали“ е незаконска и треба да се повлече.

-Таа одлука треба да се повлече. Државните органи треба да ја проверат основаноста на регистрацијата на новите имиња на две основни училишта. Таа одлука според мене е незаконска“, изјави вчера Заев.

Тој нагласи дека не може таква одлука да се донесе врз основа на решение од некој училишен одбор.

Се знае како е законот. Законот моора да се почитува. Немаме намера да отвораме рани на какви било национализми. Правото треба од сите да се почитува, изјави Заев.