Петтиот претседател на државата ќе се бира на 21 април и на 5 мај. Со наближувањето на денот на изборната кампања која почнува на први април во јавноста има недоумици околу начинот на избор, посебно за потребната излезнот.

Според законот за избор на претседател, во првиот круг не е потребна излезност, односно нема да се гледа колкава бројка на гласачи излегле. Двајцата кандидати што освоиле најголем број на гласови одат во втор круг.

Хипотетички, претседател може да биде избран и во првиот круг но за тоа е потребно кандидатот да освои 50+1 од вкупниот број гласови на гласачите запишани во Избирачкиот список.

Ако се знае дека Избирачкиот список има околу 1.80000 гласачи за да се избере претседател потребно е кандидатот да освои нешто над 900.000 гласачи што е речиси невозможно.

Единствен таков пример е на претседателските избори во 1994 година кога Киро Глигоров освои 50 отсто од гласачите.

Во вториот круг е потребна излезност од 40 отсто, односно за изборите да бидт успешни потребно е да излезат околку 700.000 гласачи. Доколку тој услов биде исполнет, за победник ќе се смета кандидатот што има поголем број гласови.

 

Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Тоа значи дека претседателот на Собранието во чија надлежност е распишувањето на изборите, треба да ја отпочне постапката со носење на одлука за распишување на избори за претседател,

За изборите за претседател се пријавија тројца кандидати, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река.