Вечерва во 21.38 часот во полиција е пријавено е дека на улицата „Шарпланинска“ во населба Даме Груев, кај општинската зграда на Ѓорче Петров, лежи лице кое не дава знаци на живот, до возило „пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д.Н. (65).

До овој момент не е утврден идентитетот на лицето.

Засега нема официјална потврда дали станува збор за убиство.