Сите сме Јилдиз – Неказнивоста значи одобрување. Болниците станаа „жолта куќа“ во која никој не е безбеден. Последниот скандал со Јилдиз Веапоска, родилката од Струга, ја прелеа чашата која се полнеше со повеќе случаи во кои пациенти завршиле трагично поради лекарски грешки кои не биле санкционирани, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Како да не беше доволно што на Веапоска и извадиле здрави органи и матка поради што повеќе нема да може да раѓа, туку и сомнежот за полот на бебето е јасен показател дека докторот Мухамед Асани извршил злосторство за кое мора да има казна, а не заштита од нефункционалниот хаотичен систем на Филипче и неговите пајташи. Нашите тела не се „кукли фантоми за вежбање“ на партиските миленици, нашите животи не смеат да зависат од некадарноста на оние кои вршат злостор и поминуваат неказнето бидејќи се заштитени од политиката. Не смееме да дозволиме враќање во средниот век во кој жените од страв ќе се пораѓаат дома, бидејќи штетниците се заштитени од Филипче и хаотичното здравство, велат од унијата на жени.
Од таму додаваат дека мора да има одговорност, мора да има правда. Ако премолчиме за ова ќе се случуваат уште многу други вакви случаи. Ако не го кренеме гласот за ова, хоророт ќе продолжи, а виновниците ќе поминуваат неказнето. И затоа не смее повеќе да се молчи!
-Ве повикуваме да го подигнете гласот против неправдите на протест во сабота 20-ти март во 11 часот пред Министерството за здравство, затоа што Сите ние сме Јилдиз и затоа што неказнивоста на ваквите трагични случаи значи нивно одобрување. Ова е протест за жената и женските права, ова е протест против заштитата на злосторниците, ова е протест против хаосот и трагедиите во здравството и очекуваме поддршка од сите општествени чинители, потенцираат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.