На денешниот протест пред Министерството за образование, незадоволните средношколци го искажаа својот став во однос на државната матура, каде се бара од нив наместо четири предмети, да се полагаат два поради лошите услови на следењето на наставата за време на оваа корона пандемија.
Имаме јасни барања кои не се измислени, туку се добро осмислени и се резултат на нашите потреби. Како матуранти државните испити да се одржат, но, под услов да имаме само два предмети, од кои првиот предмет да биде мајчин јазик, а вториот изборен предмет. Поедноставно од ова не може да биде, поважно од квантитет е квалитет. Среде пандемија министерката шири дезинформации и неточни информации. Наставата ја бојкотираа 78 проценти од матурантите во земјава. Односот професор-ученик се претвори во закана-жртва, а односот професор-директор се претвори во жртва-закана. Денес имаме две категории на жртви и две категории на закани. Учениците добиваат закани затоа што имаат легитимни барања, а од професорите бараат да им се закануваат на учениците кои бојкотираат. Една поговорка вели: Грешката на докторот завршува под земја, додека грешката на наставникот оди над земја. Доколку продолжите вака оваа земја ќе биде исполнета со грешки повеќе над земја отколку од под земја – истакнаа незадоволните матуранти.
Бојкотот на наставата на дел од матурантите ќе продолжи и утре. Средношколскиот сојуз не отстапува од барањето- државната матура да има испити по два предмети.
Доколку не им се исполнат барањата велат дека ќе ги радикализираат протестите .
Претседателот на сојузот Бленди Ходаи вели дека продолжуваат притисоците од директорите на училиштата, кои ги повикуваат матурантите да се вклучат на настава.
Над 78% матурантите не ја следат наставата во над 20 градови во земјава.
Деновиве министерката за образование Мила Царовска неколку пати повтори дека нов концепт за матурата е можен за идната учебна година.
Comments are closed for this post.