Во текот на овој месец, според информацијата на УХМР, се регистрирани од седум до 28 денови со максимална температура над 30 степени, со исклучок на Маврово. Времето беше просечно топло во државата и многу топло само во Гевгелија, многу влажно во крајниот североисток и југозапад, во централниот дел било сушно, а влажно во останатиот дел од државата.
Средната месечна температура варирала од 17,2 во Маврово до 27,4 степени во Гевгелија. Средната минимална температура варирала од 11,2 во Берово до 19,1 во Гевгелија.
Во јули за 20 проценти имало повеќе врнежи од многугодишниот просек. Месечната количина врнежи варирала од 18,0 мм во Штип до 83,2 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд но локално пропратени со грмежи и град.Најмногу дожд на дневна основа е регистрирана на 11 јули во Охрид од 29,8 мм.
Comments are closed for this post.