Околу 13 часот во Нерези, во провалија до патот е пронајдено машко тело, а во негова близина и автомобил марка „Поло“, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Телото по наредба на обвинител е дадено на обдукција.

Претходно дел од медиумите објавија дека исчезнатиот скопјанец кој утринава ги преплави социјалните мрежи е пронајден починат.

Досие.мк, објави дека неговите колеги од програмерска компанија го пронашле во Нерези.

Претходно, МВР објави дека шеесет и тригодишен скопјанец пријавил во полициска станица во Кисела Вода дека исчезнал неговиот 35-годишен син Г.А.

На социјалните мрежи се шири апелот за помош да се пронајде  35-годишниот, Горан Атанасовски  за кого, последните информации што ги има семејството, се дека бил виден вчера (среда, 20 февруари) меѓу 14 и 15 часот на локација кај трговскиот центар Беверли Хилс“, од каде што заминал накај Бриколаж во Сиво металик волксваген поло, со регистарски таблички СК-3104-АО.