Владата ги испрати уставните амадмани до Собранието откако го слушна мислењето на експретите за нивната содржина. Сега на ред матичната комисија за уставни прашања која најверојатно ќе почне со расправа на 17 декември. Таму се дава можност за поднесување на амадмани на амадманите.

Пленарната седница за конечното менување на Уставот согласно договорот од Преспа се очекува спикерот Џафери да ја закаже веднаш по Божик а гласањето да биде на 15 јануари.
Вчера владиниот портпарол Миле Бошњаковски откри дел од уставните амадмани што ќе претрпат измени и тоа 34 и 36.

Во финалниот текст на амандман 34, односно во преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите во „кои живеат во нејзините граници“ кои се однесува на граѓаните од другите националности.

Одлуките на АСНОМ во преамбулата се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“.

Со тоа финалниот текст на амандман 36 ќе гласи, „Републиката ги штити, гарантира и негува, дополнето зборче, особено зборче, историското и култуурното наследство на македонскиот народ“.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Пресинг ТВ велат дека очекуваат прво да ги видат амадманите а потоа ќе заземат став како ќе се однесуваат на расправата.