Ние знаеме кои сме и какви сме. Да не остане она најлошото па да има омраза. Нормално дека треба да има и од ваша страна реакции, што е вистина. Ова е отпечатено, издадено и можеби во иднина сигурно ќе се направи ова да се избегне и да се повлече оваа книга од употреба, професорот по географија во гимназијата Зеф Љуш Марку во Скопје, Бурим Алиу овие зборови мораше да и ги повторува на секоја генерација. Тоа што е напишано во учебникот за втора година, за него е неприфатливо како и за неговите ученици, објави ТВ 21.
Ова е вака бидејќи таму каде што се зборува за структурата на населението, пишува “од Албанците во Македонија постојат племиња кои самите се сметаат за автохтони, но главно се македонско население кое во време на турското владеење го прифатило исламот и е албанизирано, а меѓу нив има некое племе со турско, ромско и черкеско потекло.
Професорот Алиу знае како да постапи кога доаѓа до овој дел од лекцијата, едноставно го прескокнува, но го загрижува размислувањето кое може да предизвика предрасуди во училиштата каде се предава на македонски јазик.
Во нашата гимназија и другите албански училишта, сигурно тој дел не се изучува но најлошото е, ќе кажам отворено, што да кажеме за гимназиите, за средните македонски училишта. Нормално се појавува и се уште постои таа омраза воопшто, рече Алиу.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.